Зоран Јовески е новиот директор на ЈП за ПУП

Зоран Јовески е новиот вршител на должност директор на Јавното претпријатие за просторни и урбанистички планови во Прилеп.


Градоначалникот Борче Јовчески, изборот го направи денеска. Јовески е дипломиран економист, доктор на науки од областа на економијата. Долгогодишен финансов директор и раководител на Здравствен дом- Прилеп и Општа болница Прилеп. Ангажиран е и како вонреден професор на БАС Институт за менаџмент во Битола. Јовески доаѓа на местото на Илија Иваноски кој деновиве си поднесе оставка од оваа функција.