Општина Прилеп и Здружението на љубители на ридско – планински активности „ВЕЛОСИПЕД 2015“, со финансиска поддршка од Министерството за економија, викендов што измина ја реализира велосипедската cross border тура .
Учесниците на турата , членовите на здружението „Велосипед 2015“ и претставници на Општина Прилеп, го посетија Мегленскиот регион при тоа остварувајќи средба со велосипедскиот клуб „АЕРОПОС“ од градот Воден, со претставници на одделението за туризам од градот и со локалното население од населените места каде што помина велосипедскиот караван. Велосипедистите за три дена поминаа околу 200км и ги посетија следните населени места од другата страна на границата во Република Грција : Ники, Кели, Веви, Петрос, Аминдио, Агиос Пантелејмонас, Агиос Атанасиос, Арниса, Неа Ксантагија, Панагица, Нисја, Керасја, Саракиново, Мегаплатанос, Орма, Лутраки, Аридеа, Апсалос, Мавровуни, Оризари, Скидра и Едеса. Целта на овој настан е зближување на населението од двете држави, преку остварување на културна и спортска размена на искуства.
Во разговорите со претставниците на туристичкото биро на град Воден, при тоа ставајќи акцент на туризмот и меѓусебната културна и спортска соработка на населението од двете страни на границата, договорена е посета на Мариовско – мегленските културни средби и заедничко аплицирање со проекти за меѓугранична соработка.
Велосипедската cross border tour, беше дел од официјалната Програма на Општина Прилеп за одбележување на 11.Октомври, Денот на народното востание.