Општина Прилеп е дел од проектот „Промовирање на добро управување и зајакнување на Ромите на локално ниво“ кој се реализира во рамките на програмата РОМАКТЕД Фаза 2, имплементирана преку Европската комисија (DG NEAR) и Советот на Европа и се спроведува во Западен Балкан и Турција. Како дел од оваа програма, Општина Прилеп спроведе активности од Акција 2 „Мерки за заштита и закрепнување по COVID-19 во образованието за млади и возрасни Роми во Општина Прилеп“, што се однесува на зголемување на образовните и стручни капацитети на Ромската заедница.
Во соработка со СОУ „Ристе Ристески Ричко“ и СОУ „Ѓорче Петров“ се реализираше активноста 6.1 „Завршување на четврт степен на формално средно образование за возрасни Роми“. Од пријавените четири кандидати, тројца се пред финализирање на четвртиот степен средно образовние.
Во соработка со „Отворениот граѓански универзитет за доживотно учење „Пере Тошев“ од Прилеп, успешно се реализира активноста 6.2 „Организирање на Обуки за најмалку 20 млади Роми за зајакнување на нивните вештини“, за следните профили/занимања:
• Компјутерски програми за канцелариско работење – 7 кандидати,
• Надградба на нокти – 5 кандидати,
• Ракувач на вилушкар – 4 кандидати,
• Електроинсталатери – 4 кандидати.
По стекнувањето на сертификатите за реализираните обуки, кандидатите стекнатите знаења ќе треба да ги применат за нивни идни вработувања. Се надеваме дека реализираните активности од проектот ќе дадат резултати и ќе се подобри животот на Ромите во Општина Прилеп.