Заврши седмиот џез фестивал во Прилеп

Со синоќешниот настап на македонски виртуоз Јаков Дренковски, французите
„Ле Бал Пури“ и српската група „Деца Лоших Музичара“ во Прилеп заврши
седмото издание на Интернациоалниот џез- фестивал “Прилеп – Џез викенд”.
Во изминатите три дена од ова фестивалско случување на летната сцена од
ЦК “Марко Цепенков” се претставија повеќе од 12 ансамбли со 40 звучни
домашни и странски имиња од светот на џез-музиката, а бројната посетеност
докажа дека прилепчани имаат слух, за овој вид урбана музичка култура.

“Под импресии сум. Се чуствува треперење во мојот глас зошто вечерва ќе
бидат многу мои пријатели овде. Благодарен сум му на организаторот што
вложи напор да стапиме во контакт и да бидам дел од ова што се случува
вечерва во Прилеп. Ова музика која опушта и кога човек ќе реши да ја слуша
навистина ужива во неа. Затоа слушајте џез“, кажа Јаков Дренковски.

„Ние доаѓаме од Франција. За прв пат сме во Македонија, пристигнавме во
петокот и имавме можност да го почуствуваме духот на фестивалот. Видовме
три прекрасни концерти кои што навистина беа различни, со различни видови
на џез и импровизирана музика и навистина ме воодушеви. Очекуваме и
вечерва да си поминеме убаво им благодариме на организаторите за поканата
и ова е навистина едно ново доживување не само за џез музиката туку и ние
откривме една нова земја и култура“, посочија од групата на Ле Бал Пури“.

Фестивалот завршува денеска со “оф“ програмата во „Резиденс“ во село
Плетвар.

Инаку, годинашниот џез – викенд во Прилеп, всушност е заокружување на
богатото Прилепско културно лето во чии рамки се одржаа бројни културни
манифестации.