Со делењето на таблет компјутерите на ученици од основните оштински училишта „Блаже Конески“, „Добре Јованоски“, „Круме Волнароски“ од с.Тополчани и „Кирил и Методиј“ од с.Канатларци, а чии семејства спаѓаат во социјално ранливите категории, Општина Прилеп ја заврши распределбата на донацијата на тетовското семејство Дестани, реализирана преку компанијата „Еколог“.
Распределбата на таблет компјутерите беше извршена согласно протоколите и препораките на Владата на Република Северна Македонија и Комисијата за заразни болести, за заштита од коронавирусот.