Општина Прилеп ги започна припремните работи за реализација на двата капитални проекта – изградба на детска градинка и затворен баезен. Објектите ќе се градат во населбата „Точила“, на државно земјиште со корисничко право на Општина Прилеп, односно на катастарските парцели 5857, 12023/1 и 12195/2.
За таа цел Општина Прилеп ги информира граѓаните да не го узурпираат земјиштето со извршување земјоделски активности, од причина што деновиве ќе започнат градежните активности за изградба на водоводна и канализациона мрежа, како и сета друга неопходна инфраструктура.