ЗАПОЧНА ПРИЛЕПСКИОТ ПИВО ФЕСТ

Во Прилеп синоќа започна 18-то издание на најпопуларната манифестација „Пиво фест 2022“. Градоначалникот на Прилеп, Борче Јовчески на официјалното отворање на фестивалот ги поздрави посетителите и наздрави за развоен Прилеп.

„ Во интерес на развој на локалната економија, во интерес на подобрување на животот на граѓаните на Прилеп, во интерес на добрата забава, за уште многу културни и забавни манифестации, заедно да наздравиме за развоен и успешен Прилеп! Ви посакувам пријатна забава во овие четири фестивалски денови на Пиво фест 2022 . Уживајте во добрата забава, ладното пиво и вкусната скара!“- им порача Јовчески на посетителите од големата бина на плоштадот „Александрија“, наздравувајќи со кригла ладно пиво. На првата фестивалска вечер пред илјадитата публика, синоќа, настапија македонски изведувачи на народна и забавна музика: Елена Петреска, Балканика, Нино Величковски, Ален Хасановиќ, Наум Петрески, Љубојна, ДНК, Џамбо Агушев оркестра, додека пак на алтернативната сцена настапи DJ Mario Eddie. Денеска, петок 15 јули, програмата на главна сцена започнува во 19 часот, а настапуваат: Рок Блуз Бенд, Игор Џамбазов и Гуру Харе, Нокаут, Ареа, Дивље Јагоде, Brass Brothers, додека пак на алтернативната сцена ќе настапaт DJ Anna Noodle и Lili Diva.