Започна чествувањето на „Св.Никола“

Со редовна празнична вечерна богослужба во црквата „Свето Благовештение“, на која присуствуваа годинешните и идните домаќини на градската слава „Св.Никола“, семејството Небрежанец и сопствениците на фирмата „Футура“ ДОО Прилеп, започна чествувањето на градската слава „Св.Никола“

Одбележувањето на празникот продолжува утре, четврток 19 декември, со свечената литургија во црквата „Св.Благовештение“, водоосветувањето и прережувањето на празничниот колач, како и со празничната посна трпеза која за граѓаните на Прилеп ја подготви семејството Небрежанец.