За спроведување на јавен увид на Урбанистички проект вон опфат за објекти со намена Е1.13- површински соларни и фотоволтаични електрани

Бр. 10-69/4 од 15.03.2023 година

ГРАДОНАЧАЛНИК НА ОПШТИНА ПРИЛЕП

Врз основа на член 62, став (10) од Законот за урбанистичко планирање (Сл.Весник на РСМ бр.32/20), Градоначалникот на Општина Прилеп го дава следното

СООПШТЕНИЕ

За спроведување на јавен увид на
Урбанистички проект вон опфат за објекти со намена Е1.13- површински соларни и фотоволтаични електрани на КП 1576, КО Селце, Општина Прилеп

член 1

Се известуваат граѓаните на Општина Прилеп дека се организира Јавен увид по Урбанистички проект вон опфат за објекти со намена Е1.13- површински соларни и фотоволтаични електрани на КП 1576, КО Селце, Општина Прилеп, со Технички број: 37/2022 изработен од Трговско друштво за градежништво, промет и услуги Миле Стојкоски ГЕНИКО увоз-извоз ДООЕЛ Прилеп.

член 2

Проектниот опфат на Урбанистички проект вон опфат за објекти со намена Е1.13- површински соларни и фотоволтаични електрани на КП 1576, КО Селце, Општина Прилеп, е опфатен во рамките на урбаниот опфат на Услови за планирање на просторот за Урбанистички проект вон опфат за објекти со намена Е1.13- површински соларни и фотоволтаични електрани на КП 1576, КО Селце, Општина Прилеп, со бр. Y20622 и Решение за Условите за планирање на просторот издадено од Министерство за животна средина и просторно планирање со Арх. Бр. УП1-15 1336/2022 од 22.07.2022 год.
Проектниот опфат е дефиниран со граница која претставува затворена полигонална линија. Опфатот го сочинува една катастарска парцела КП 1576, КО Селце, Општина Прилеп, и границата на проектниот опфат оди по границата на катастарската парцела. Координатите на прекршните точки кои ја дефинираат границата на проектниот опфат се дадени во следната табела:

Вака формираниот проектен опфат има вкупна површина од 9242,98 м2 или 0,92 ха.

ЈАВЕН УВИД

На Урбанистички проект вон опфат за објекти со намена Е1.13- површински соларни и фотоволтаични електрани на КП 1576, КО Селце, Општина Прилеп, со Технички број: 37/2022 изработен од Трговско друштво за градежништво, промет и услуги Миле Стојкоски ГЕНИКО увоз-извоз ДООЕЛ Прилеп ќе трае 15 дена во електронска форма, кој надлежниот орган го става на увид на јавноста со објавување на службената web страна на Општина Прилеп https://www.prilep.gov.mk/ и на официјалната страна од е-урбанизам https://www.e-urbanizam.mk во периодот од 16.03.2023 до 30.03.2023 година за кое време може да се доставуваат евентуални забелешки, секој работен ден од 08.30 до 15.30 во просториите на Општина Прилеп, Сектор за урбанизам, комунални работи и заштита на животната средина.

UP za fotovoltaici Selce kor_NK

Анкетен лист за ЈА и ЈП

Соопштение за јавен увид УП

Соопштение за јавен увид

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

ГРАДОНАЧАЛНИК
На Општина Прилеп
Борче Јовчески

____________________