Им се соопштува на граѓаните на Општина Прилеп дека на ден 26.02.2021 година (петок), на територијата на Прилеп, екипи од фирмата ЛИСА-КОМ МС ДООЕЛ – Кавадарци ќе ја спроведува втората фаза на ларвицидна дезинсекција со цел уништување на ларвите од комарци на местата каде има водени површини.
Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, истата ќе се изврши во истиот термин првиот нареден ден, кога временските услови ќе бидат поволни.