Втор ден Велигден е неработен за сите граѓани

Министерството за труд и социјална политика, соопштува дека согласно со Законот за празниците на РМ („Службен весник на РМ„ бр.21/98 и 18/07), 6ти април (петок), на празникот Велики Петок е неработен за граѓаните од православна вероисповед, а 9ти април вториот ден на Велигден е неработен за сите граѓани на Република Македонија.
Истовремено, Министерството за труд и социјалнаполитика, на граѓаните од православна вероисповед во Република Македонија им го честита големиот христијански празник Велигден.