Вработените во детските градинки добија повисоки плати за 16 отсто

„Успешните политики на Владата и Министерството за труд и социјална политика, даваат реални и видливи резултати кои, почнувајќи од 1.јули 2019 година, директно ги почувствуваа вработените во градинките. Имено, со измените и дополнувањата на Законот за заштита на децата, за 16 отсто се зголемија платите на воспитувачките, негувателките, стручните работници и соработници.

Истовремено, за 5 отсто се зголемија и платите на помошно-техничкиот персонал со Колективен договор потпишан со синдикатот. Тоа значи дека 150 воспитувачки, негувателки, стручни соработници и технички персонал вработени во прилепските градинки, добија повисоки плати“, изјави во името на вработените во ЈОУ Детска градинка „Наша иднина“, Катерина Талимџиоска, раководител на градинката „Работнички“.

Дополнително, од месец септември 2019 година, следува ново покачување на платите за сите вработени во градинките во висина од 5 отсто, со што личните примања на вработените во градинките „Наша иднина“ – Прилеп, ќе бидат зголемени и до 5.000 денари.