„Водовод и канализација“ интензивно работи на менување на старата водоводна мрежа во градот

Градежните работи на ЈКП „Водовод и канализација“- Прилеп, во насока на
менување на старата водоводна мрежа во градот, не престануваат и во екот на
летната сезона.


Минатата недела заврши реконструкцијата на водоводната мрежа на улица
„Ножот“. При тоа, беа заменети старите цевки со должина од 75 метри, а
истовремено беа отстранети водоводните линии кои поминуваа низ приватни
имоти.

ЈКП „Водовод и канализација“ во моментов работи на реконструкција на 200 метра
долгата водоводна линија на улица „Благоја Шукуроски“, при што старата поцинкувана водоводна мрежа ќе биде заменета со полиетиленска Ф 90. Со зафатот ќе бидат опфатени сите куќни приклучоци, а истовремено реконструкцијата ќе значи и подобро водоснабдување на жителите од оваа улица.