Активностите за реконструкција на булеварот „Гоце Делчев”, од споменикот „Карпалак“ до маркетот „Тинекс”, како и на дел од улицата Прилепски бранители”, од некогашната Градска кафеана до кружниот тек пред Поштата, се одвиваат според планираната динамика.
Паралелно со овој проект, ЈКП „Водовод и канализација” – Прилеп започна со поставување на нова водоводна линија DN90 полиетилен, во должина од 200 метри. Истовремено, јавното претпријатие врши промена и на водоводните приклучоци на зградите на булеварот, од страната на прилепската чаршија.