ЈКП „Водовод и канализација“ Прилеп, изврши реконструкција на постојниот атмосферски канал, на спојот на улиците „Вера Циривири” и „Борка Талески“. Каналот служи за одведување на атмосферските води од населбата Рид, до соодветен реципиент.
Реконструкцијата на атмосферскиот канал се состоеше од бетонирање на обрушените и дотраени ѕидови и поставување на нови, префабрикувани армирано бетонски плочи врз ѕидовите. Со реконструкцијата беа опфатени 20 метра од вкупната должина на каналот.