Водата за пиење од три јавни чешми во Прилепско не е исправна за пиење

Најновите анализи на Центарот за јавно здравје од Прилеп, покажуваат дека
водата од крајпатната чешма на Плетвар, кај ресторанот „Че“, како и од јавните
чешми во селата Плетвар и Ореовец, не е исправна за пиење. Од тие причини,
медицинските стручњаци од прилепскиот Центар за јавно здравје препорачуваат
водата да не се користи за пиење, без претходно да се преврие најмалку 10
минути.

Центарот за јавно здравје врши редовни анализи на исправноста и квалитетот на
водата за пиење, од јавните чешми во населените места, каде што нема водоводи
кои што се вклучени во водоводната мрежа со која стопанисува ЈКП „Водовод и
канализација“.