Во завршна фаза асфалтирањето на улицата „Целе Мавроски“

Асфалтирањето на улицата „Целе Мавроски“ во населбата „Подкули“, се наоѓа во завршна фаза. Тоа беше констатацијата од денешниот увид на работите, извршен од страна на градоначалникот Илија Јованоски.

Должината на „Целе Мавроски“ изнесува 320 метра и на неа е изградена е целата неопходна инфраструктура, што ја прави ова а улица една од најсовремените во градот.

Истовремено, во тек е асфалтирањето на улиците „Дабничка“ и „Беровска“ во населбата „Тризла 2“, а во полн ек е изградбата на улиците „Трајко Николоски“ во населбата „Сточен пазар“ до улица „Александар Македонски“ и Кеј „1.Мај“, од „Димо Наредникот“ до новиот мост во „Сточен пазар“.

Асфалтирањето и изградбата на сите улици е согласно Програмата за изградба и реконструкција на локални улици и патишта за 2021 година, усвоена од Советот на општина Прилеп.