Претседателот на Советот на Општина Прилеп, Миле Талевски денеска го отвори 26-то екипно Пионерско првенство во пинг – понг во Македонија. При тоа најави поддршка за овој спорт, со буџетски средства.
„Чест и задоволство е да бидеме домаќини на државното првенство за пионери што се одржува во нашиот град. Како локална самоуправа секогаш ќе ги поддржуваме спортистите и отворени сме за максимална соработка за развивање на спортот, со единствена цел да ги оттргнеме младите од пороците. Во буџетот Советот ќе предвиди средства за поддршка на спортските клубови, меѓу нив и пинг- понг. Вака ќе придонесеме за развој на спортот во целата општина“, најавиТалевски, претседат на Советот на Општина Прилеп.
На денешното првенство пријавени се 10 машки и 3 женски екипи со 50 учесници.
„Како пинг-понгарска Федерација на Македонија годинава оформивме 4 центри за развој на пинг- понгот во Македонија, меѓу нив е и Прилеп. Центрите со работа почнуваат овој месец и да се надеваме дека покрај досегашните 25 деца во нашата пинг-понгарска школа, уште толку ќе го зголемиме нивниот број“, истакна Златко Рикалоски, потпретседател на пинг- понгарска Федерација на Македонија.
Првенството е во организација на пинг-понгарската Федерација на Македонија и пинг-понгарскиот клуб „Младост 96“ од Прилеп како технички организатор.