Во Прилеп прославен Денот на бакалите

Градоначалникот Илија Јованоски и претставници на Советот на
Општина Прилеп, денеска присуствуваа на божествена литургијата
во црквата „Св. Благовештение“, каде се одбележа празникот
„Свети три светители“, којшто е познат како патрон празник на
бакалскиот еснаф во општината.

Прилепските бакали, односно дуќанџиите и трговците од градот,
веќе 60-тина години ја одржуваат традицијата на прослава на
празникот, на начин што после црковната литургија, се збираат на
заедничка трпеза и со дружба го одбележувааат патрон празникот.
Имено, според нивните кажувања, ваквото традиционално славење
на Денот на бакалите, се практикува уште од далечната 1954.
година, а ќе продолжи и во годините што следат.