Градоначалникот Јованоски ги посети седумте општински основни училишта
„Климент Охридски“, „Кочо Рацин“, „Кире Гаврилоски“, „Гоце Делчев“, „Рампо
Левката“, „Блаже Конески“, „Добре Јованоски“ и основното музичко училиште
„Ордан Михајлоски-Оцка“, како и средните училишта „Кузман Јосифоски-Питу“,
„Ристе Ристески-Ричко“, „Орде Чопела“, „Ѓорче Петров“ и Гимназијата „Мирче
Ацев“. Средбата со наставниците и директорите од општинските основни
училишта „Страшо Пинџур“, „Кирил и Методиј“ и „Круме Волнароски“ од
населените места Мало Коњари, Канатларци и Тополчани, се одржа во големата
сала на Општина Прилеп.
Посакувајќи им успешен почеток на учебната година, градоначалникот Јованоски
нагласи дека таа ќе биде поразлична од сите претходни, што налага
прилагодување кон новата нормалност, како од наставниците, така и од учениците
и нивните родители.
„Упатувам апел до секој наставник за запазување на кодексот на однесување, со
посветување посебно внимание на педагошкиот аспект кој во новонастаната
состојба со пандемијата и начинот на спроведување на наставата, е од особена
важност. Општина Прилеп и јас како градоначалник, правиме се’ за да ги
подобриме условите за изведување и следење на наставата. За таа цел, во
моментов е распишан тендер за набавка на лап топ компјутери, од кои еден дел
ќе бидат наменети за учениците кои немаат можност за следење на наставата
онлајн Во духот на денешниот ден, христијанскиот празник Вера, Надеж и Љубов,
посакувам наставниците и учениците да веруваат во она што го работат, да имаат
надеж дека проблемите ќе се решат и да манифестираат меѓусебна љубов, почит
и разбирање. Честит и среќен почеток на новата учебна година!“, истакна
градоначалникот на денешните средби со наставниците и директорите од
основните и средните училишта од општина Прилеп.