По повод одбележувањето на Денот на сесловенските просветители Кирил и Методиј во четврток со почеток во 12 часот од центарот на Прилеп (реклами) почнува манифестацијата „Сите на велосипед“ што се одржува традиционално по 13 пат, во организација на велосипедски клуб „Илинден“, Сојуз на училиштен спорт на Прилеп и Велосипедска федерација на Македонија, а под покровителство на Општина Прилеп.
„Поканата е отворена за сите љубители на велосипедизмот. Рутата е дефинирана од реклами до спортскиот аеродром во населеното место Мало Коњари и враќање на стартното место. Временските услови според најавите се добри, според тоа очекуваме масовна посетеност“,изјави Драган Димитријоски, претседател на велоклубот „Илинден“.
Манифестацијата ќе ја отвори градоначалникот Илија Јованоски. По пристигнувањето на сите учесници на спортскиот аеродром во с. Мало Коњари, на најмладиот и највозрасниот учесник ќе им бидат врачени симболични награди.