Во рамките на планските активности на Министерството за одбрана, наместо првично упатеното известување од ден 31.03.2022 за реализација на гаѓање на ден 14.04.2022 година, истото поради оправдани причини е препланирано и ќе се реализира на ден 28.04.2022 година во време од 10:00 до 14:00 часот на гарнизоното стрелиште „Леково“ Прилеп.
Од тие причини, се известуваат граѓаните во наведениот датум и време и во наведениот реон, да не изведуваат дополнителни активности, за да не дојде до несакани последици.
Општина Прилеп 19.04.2022