Викенд на шпански филм во Прилеп

Општина Прилеп и амбасадата на Кралството Шпанија викендов во Прилеп, организираат културен настан во наслов „Викенд со шпански филм“. Во рамките на ова случување, од утре-петок па до недела ќе бидат проектирани 4 филмови на летната сцена и во кино салата од центарот за култура „Марко Цепенков“.

Репертоар:

– Петок, 06.07.2018 – Felices 140 (Среќни 140) игран филм со почеток во 20:30 часот

– Сабота, 07.07.2018 – Mi gran noche (Мојата голема ноќ) игран филм со почеток од 20 часот
– Недела, 08.07.2018 – Donkey Xote (Магарето на Дон Кихот) анимиран филм со почеток во 18 часот и Primos (Братучеди) игран филм со почеток во 20 часот