Велосипедскиот клуб „Илинден“ шампион во младинските категории

Денес Градоначалникот на Општина Прилеп ги прими членовите на Велосипедскиот клуб „Илинден„ кои ја освоија шампионската титула во младински категории.

Заврши натпреварувачката сезона во велосипедизам за 2021г , каде Велосипедскиот клуб „Илинден“ за прв пат се натпреваруваше во три дисциплини – друмски велосипедизам, планински велосипедизам и вело крос. ВК „Илинден“ забележителни резултати постигна во сите три дисциплини во поединечна и екипна конкуренција, но најдобри беа во категоријата друмски велосипедизам каде втора година по ред ја освојуваат шампионската титула.

Одлични резултати покажаа и во поединечна конкуренција во сите останати категории:

Андреј Маџоски – категорија Кадети

  • III место на ранг листа, друмски велосипедизам (исти бодови со второпласираниот);
  • III место на ранг листа, планински велосипедизам;
  • III место на ранг листа, вело крос;
  • II место – Државно првенство во хронометар;
  • III место – Државно друмско првенство;
  • III место – Државно брдско првенство.

Андреј Маџоски е репрезентативец во кадетска категорија и стана корисник на стипендија од Агенција за млади и спорт – Спортска надеж.

Константин Костоски – категорија У-15

  • I место на ранг листа, друмски велосипедизам;
  • I место – Државно првенство во хронометар;
  • I место – Државно друмско првенство;
  • II место – Државно брдско првенство.

Стефан Маџоски – категорија У-13

  • I место на ранг листа, друмски велосипедизам;
  • II место на ранг листа, планински велосипедизам;
  • I место – Државно првенство во хронометар;
  • I место – Државно друмско првенство;
  • II место – Државно брдско првенство.

Свој допридонес во освојувањето на Шампионската титула во млади категории дадоа и Младен Петрески и Никола Ристески на кои ова им  беше прва натпреварувачка сезона.