Во пресрет на големиот христијански празник Велигден, учениците од
основните училишта „Кочо Рацин“ и „Рампо Левката“, денеска организираа
„Велигденски панаѓур“.
Ракотворбите се изработени на заедничките работилници што ги организираа
наставниците со нивните родители.
Овие ракотворби – дела на учениците, родителите и наставниците за Велигден
ќе ги красат домовите на многу семејства.