ВЕЧЕРВА ЗАПОЧНУВА ПИВО ФЕСТ 2022

Прилеп ,вечерва по 18. пат ќе биде домаќин на најмасовниот и најпопуларниот фестивал на пивото, скарата и убавата музика „Пивофест 2022.  Гарадоначалникот на Прилеп, Борче Јовечски посочи декан градот е максимално подготвен за една најголемата забава во Македонија – Пиво фест 2022!

“Очекуваме околу 20 до 3о илијади посетители на оваа, прва, фестивалска вечер ,па затоа апелирам до сите посетители кои ќе го дојдат во Прилеп да го почитуваат  јавниот ред и мир за да имаме убави и незаборавни фестивалски денови, а прилепчани ги замолувам за време на фестивалот поретко  да ги користат  своите возила заради одржување на поголема безбедност и непречено одвивање на сообраќајот, со оглед на тоа што просторот во центарот на градот овие неколку денови ќе биде затворен за сообрајќај. ЈКП се подготвени за одржување на хигиената и чистотата на градот, а паркинг службата  е спремна за безбедно,  и на означени места ,  да ги упатува возилата кои доаѓаат од другите градви на Макеоднија.  Годинашниот Пиво фест има хаманитарен белег.  Имено, Советот на Општина Прилеп донесе одлука 30 денари од цената за паркинг просторт да оди во хуманитарни цели.“ – посочи градоначалникот на Прилеп, Јовчески

Вечерва (четврток, 14 јули) програмата на главна сцена за Пиво фест  2022 започнува во 18 часот. Настапуваат: Елена Петреска, Балканика, Нино Величковски, Ален Хасановиќ, Наум Петрески, Љубојна, ДНК, Џамбо Агушев оркестра, додека пак на алтернативната сцена ќе настапи DJ Mario Eddie.

Водители на четирите фестивалските вечери се шоуменот  Игор Џамбазов и Марјана Станојковска.