ВД директорот Звонко Јованоски,ги демантира наводите од пресот на ОК на ВМРО-ДПМНЕ

ВД директорот на ЈКП „Комуналец“, Звонко Јованоски категорично ги демантира наводите од денешната прес конференција на ОК на ВМРО-ДПМНЕ. Неговиот демант го пренесуваме во целост.

Денеска од ОК на ВМРО ДПМНЕ, беа искажани лаги и конструкции за моето назначување на сеуште в.д. директор. Иако сум именуван за в.д.директор, на прес конференцијата бевме повикани јас и градоначалникот Илија Јованоски, дека тој го прекшил законот со моето назначување.

Да ве потсетам, јас сум сеуште в.д. директор, избран на јавен оглас. Инаку, Звонко Јованоски е со 240 ЕКТС кредити, со звање дипломиран машински инженер со специјалност инженер по заштита и здравје при работа. Ако добро ги погледнете сите документи каде сум потпишан, секаде стои в.д директор. Со вакви лаги и конструкции, со вакви искажани невистини, вие, почитувани од ВМРО ДПМНЕ, само сакате да го оцрнете моето име и името на градоначалникот Илија Јованоски, кој изминатиов период покажа големо разбирање за финасиското работење на „Комуналец“, и огромна почит кон вработените.

Најверојатно, повод за денешниот прес,е тоа што ви попречило моето работење и поддршката од локалната самоуправа во однос на намалениот долг кон доверителите и вработените, кој во рок од 6 месеци го намаливме за 15.000.000,оо ден. или за 250.000,оо евра.

Се прашувам, како во 12 години не ви пречеше претходниот директор Златко Ристески, не поведовте сметка како партија со претходниот градоначалник Марјан Ристески, кои оставија долг од над милион евра, за неплатено ДДВ, 25.000,000,оо ден. само кон доверители, и огромни долгови кон вработените, а истите само за 7 години, исплатиле судски и адвокатски трошоци повеќе од половина милион евра.

Го повикувате ОЈО, по допрен глас за моето назначување за в.д. директор да поведе истражни дејствија, а не сте ги провериле информациите кои ви ги сервирале луѓе, кои сакаат само да напакостат и го извалкаат моето име и името на актуелниот градоначалник.

Јас, како сегашен прв човек на „Комуналец“, одговорно тврдам, дека, и јас и градоначалникот Јованоски, работиме согласно со Закон и согласно со важечките прописи во Р. Македонија.

Уште еднаш на крајот, сакам да ја информирам јавноста дека ќе продолжам совесно, чесно и коректно да ја извршувам доверената задача кон „Комуналец“ , а тоа е, да се грижам за хигиената во градот, согласно со финасиските можности и Програмите за работа, да се грижам за вработените и да создадам претпријатие кое ќе биде респектирано и со позитивно финасиско работење, во кое вработените нема да стравуваат за платите, а следствено на тоа и исплата на додатоците од плата, согласно со Закон и Колективен договор.

Досегашната моја 6 месечна работа, со огромна поддршка од вработените, за што им сум благодарен, ги даде првите резултати, ќе продолжиме макотрпно да работиме, зашто си дадовме за задача од најзадолжено ЈП, да направиме претријатие кое ќе биде секогаш во услуга на градот и граѓаните.

На душегрижниците од ВМРО ДПМНЕ, и на претходниот директор Златко Рисатески, само би им порачале:

Будно следете не во нашето финасиско управување и во почитувањето на законите, зашто заврши 12 годишното управување зад затворени врати!

Со почит,
в.д.директор
Звонко Јованоски
ЈКП „ Комуналец“ -Прилеп