В недела на пладне во Прилеп авто слалом „Прилеп-11 Октомври“

Авто слалом „Прилеп-11 Октомври“ ќе се одржи во недела напладне во центарот на градот, во организација на Авто картинг клуб „Скопје“,а со поддршка на Општина Прилеп. Градот е домаќин на ваква манифестацијата по 7 годишна пауза. Овој настан ќе го прогласи за отворен градоначалникот на Прилеп,Илија Јованоски.

Според организаторот најдобрите учесници на ова државното првенство ќе се бодираат за шампионатот во 2018 година. Досега се пријавени 50-ина љубители на автомобилизмот од повеќе градови во државата. Пријавувањето трае и утре.

„Трката ќе се одржи во центарот на градот во должина од 1200 метри, на во булеварот ‘Гоце Делчев’, од раскрсницата со улицата ‘Кузман Јосифоски-Питу’ до раскрсницата со ул. ‘Димо Наредникот’. Секој возач што ги исполнува условите може да учествува во авто слаломот, што ќе се одржи во пет класи“, вели Менде Младеноски,директор на трката.

Класа 1 е за возила до 1600 ccm, класа 2 за возила над 1600 ccm, класа 3 за спортски возила до 1600 ccm, класа 4 за спортски возила над 1600 ccm и класа возила со турбо.

Целта на организаторот е да се врати спортскиот дух на автомобилизмот во Прилеп  и во државата, да се развие овој спорт со што ќе се зголемат и авто вештините на возачите.

„Сите возачите треба да ги исполнат критериумите. Тоа значи да поседуваат важечка возачка дозвола, сообраќајна книшка за возилото, животно осигурување за авто натпревар, лиценца за слалом или напреварувачка лиценца издадена од Автомобилската Федерација на Македонија. Сите заинтересирани може да не контактираат и денеска и утре. Утре денот е планиран за тренинг, а в недела предладне ќе бидат брифирани сите учесници“, истакнува директорот Младеноски.

Авто слаломот во Прилеп, се одржува по 7 годинишна апстиненција,на иницијатива на неколку спортски авто клубови и Автомобилска Федерација на Македонија.

„ Со оваа трка се создава можност за враќање на календарот на трките и збогатување на спортската понуда во градот и државата“, вели Младеноски.

Инаку, досега во Македонија се одржуваат трки во Скопје, на Водно, во Крушево и Струмица.

контакт:071-278-356