Повторно „Палачинкијада“ во Прилеп. Утре на камената бина во 16:00 часот, крајот на учебната година во Прилеп ќе се одбележи со манифестацијата „Палачинкијада“ која што изминативе години не се одржуваше. На настанот ќе биде присутен и градоначалникот Борче Јовчески кој на најдобрите ученици од основните училишта ќе им додели пофалници. Во манифестацијата ќе бидат вклучени сите основни училишта и градинките во градот.