Полициската станица од општа надлежност – Прилеп, им соопштува на граѓаните од општина Прилеп дека согласно годишната програма, утре, среда 9.октомври во периодот од 07 до 16 часот, на стрелиштето „Леково“ ќе се врши боево гаѓање.
Посебно се известуваат граѓаните кои собираат лековити билки и сточарите од околните населени места, за да не дојде до несакани последици, во посочениот временски период да не собираат билки и да не ја напасуваат стоката на стрелиштето или во неговата близина.