Успешно реализирана втората по ред крводарителска акција во просториите на Општина Прилеп

Втора година по ред, на иницијатива на градоначалникот Јованоски, а во
соработка со Институтот за трансфузиона медицина од Скопје и Црвениот крст
од Прилеп, во просториите на Општина Прилеп се организираше
крводарителска акција.

Заблагодарувајќи им се лично на крводарителите и стручните служби кои беа
дел од денешната хуманитарна акција, градоначалникот Илија Јованоски
истакна дека дека хуманоста и солидарноста во Градот Херој се на највисоко
можно ниво.

„Дарувајќи од драгоцената течност, односно дарувајќи дел од себе, покажуваме
висока свест и разбирање за потребите на многу наши болни сограѓани и
пациенти, за кои потребата од драгоцената теченост е итна и од животно
значење. Од тие причини, сметам дека секогаш е добро време да се дарува
крв, а пандемијата со коронавирусот не е и не смее да биде пречка за да ја
покажеме нашата хуманост“, нагласува градоначалникот Јованоски

Со цел заштита на здравјето на крводарителите и стручните медицински
служби, акцијата се спроведе согласно протоколите за заштита од вирусот
ковид-19.