Градоначалникот Илија Јованоски денеска беше присутен на увид на новоасфалтираниот паркинг кој се наоѓа позади хотелот Липа или поточно, паркингот до полициската станица во Прилеп.
Паркингот е со површина од 1.000м2 на кој ќе може да се паркираат 50 возила. Оваа инвестиција е од буџетот на Општина Прилеп.
Станува збор за површина која долги години не беше асфалтирана, преполна со дупки, кал и нерамна површина. Соодветниот паркинг простор е од исклучително значење за непречено функционирање на системот на сообраќајот во градот.