Екипите на ЈКП „Комуналец“ од Прилеп активно работат на уредување на парковите во населбата „Димо Наредникот“. Во моментот се уредуваат ивичниците и уништениот бекатон во парковите. Паралелно се прекопува песокот во детското игралиште што се наоѓа во станбениот блок што излегува на улиците „Димо Наредникот“ и „Александар Македонски“. Ова зелено катче е места каде граѓаните и од урбаната зедница „Чачорица“ се релаксираат во своето слободно време, но пред се овде за забавуваат децата.

Според најавите екипите од ЈКП „Комуналец“, ќе ги обноват тревните површини во одредени делови од градот.

Сите овие активности на ЈКП „Комуналец“, на ЈКП „Водовод и канализација“ и на Општина Прилеп се во насока на олеснување на урбаниот живот на граѓаните. Целта е сите населби да добијат урбан лик, а граѓаните да ги уживаат придобивките на урбаното живеење. Отттука поаѓајќи од интервенциите на ЈКП „Водовод и канализација“ со смена на старата азбестна водоводна инфраструктура со нови полиетиленски цевки согласно со сите европски стандарди, преку асфалтирањето на улиците за прв пат во 4 децении, до уредување на крајно запоставени делови од градот заструпани со треви и шут и поставување на нова урбана опрема како и корекција на парковите, Прилеп добива лик на градска средина со повисоки стандарди во комуналното и урбано живеење.