Трибина во Општина Прилеп

Синоќа во собраниската сала на Општина Прилеп беше одржана трибина по повод вчерашниот значаен датум 4 мај, кога одбележуваме 119 години од загинувањето на Гоце Делчев и 110 од Пере Тошев.


Говорници на трибината во организација на Општина Прилеп беа професорот по историја од Прилеп Николче Богданоски и професор Д-р по историски науки Зоран Богески. Во преполната сала на Општината се разви плодна дебата помеѓу говорниците и дел од гостите за животот и дејствувањето во Македонската револуционерна организација на двајца од најзначајните македонски синови.
„Она што ги споило овие македонски дејци пред повеќе од еден век, е токму она што во ова време-невреме треба да не спојува и нас денес, односно мислата и идејата за македонската држава“ истакна градоначалникот Борче Јовчески кој што имаше поздравно обраќање пред присутните.