Им се соопштува на граѓаните на Општина Прилеп дека на ден 07.05.2021 година (петок), во периодот од 23:00 до 05:00 часот на територијата на Прилеп, екипи од фирмата ЛИСА-КОМ МС ДООЕЛ – Кавадарци ќе ја спроведува Третата фаза теристичка (од земја) адултицидна дезинсекција со цел уништување на комарци.
Истиот ден, на 07.05.2021 година (петок), екипите на ЛИСА-КОМ МС ДООЕЛ – Кавадарци од 08:00 часот ќе започнат со спроведување на третата фаза на ларвицидна дезинсекција со цел уништување на ларвите од комарци на местата каде има водени површини.
Со цел избегнување на евентуални несакани последици се известуваат пчеларите да превземат превентивни мерки за заштита на пчелните семејства.
Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, истата ќе се изврши во истиот термин првиот нареден ден, кога временските услови ќе бидат поволни.