Трета фаза дезинсекција  со цел уништување на комарците

Општина Прилеп ги известува граѓаните дека во текот на денешниот ден 07.08.2023, понеделник и  вторник 08.08.2023 год.  во периодот од 07 до 13 часот на територијата на општината Прилеп  екипа од Центарот за јавно здравје – Прилеп ќе ја спроведува третата фаза од ларвицидната теристичка (од земја) дезенсекција,  со цел уништување на ларвените форми на комарци.

Со дезинсекцијата ќе бидат опфатени водени површини т.е. места каде има идеални услови за раст, развој и размножување на комарците, како што се фонтани, мини езерца, одводни канали, блата и мочуришта, делови по течение на Градска река, делови од Дабнички канал, Селечка река, област  Маркова чешма, област Поводеници, Вештачко езеро, Волковски езерца, област Ѓумушица, Сарика, како и водени површини во населените места Беровци, Кадино село, Галичани, Чепигово, Тројкрсти, Мало и Големо Коњари.

Во случај на неповолни временски услови дезинсекцијата се одложува за следниот ден.