Традиционален турнир во мал фудбал „Свети Никола“ во Прилеп

Општина Прилеп и „Локален спортски сојуз-Прилеп“ се организатори на традиционалниот турнир во мал фудбал „Свети Никола“, што ќе се одржи од 12 до 28 декември годинава, со исклучок на денот на празникот „Свети Никола“,кога не се предвидени активности.

Компанијата „Комфи Ангел“, е иницијатор и традиционален поддржувач на турнирот.

Турнирот има хуманитарен карактер. Собраните средства ќе бидат наменети за опремување на Центар за деца со церебрална парализа.
Ќе учествуваат најмалку 32 екипи, пионери (родени во 2004,2005,2006 и 2007 г.) сениори и ветерани (над 40 години).

Ждребувањето ќе се одржи на 10.12.2017.
Наградниот фонд ќе изнесува 330.000 ден.
Котизација за екипи
Сениори, за пријавување до 5-ти декември,котизацијата е 5.000 денари. За пријавување на сениори од 5-ти до 9-ти декември, котизацијата е 7.000 денари.
За пионери котизацијата е 1.500 ден.
За ветерани котизацијата е 3.000 ден.

Пријавата ќе се смета за успешна доколку со пријавниот лист се достави и доказ за уплатена котизација.
Секоја екипа има обврска да пријави најмалку 8 играчи во пријавниот лист.

Уплата:
Цел на дознака: Котизација за учество на турнир во мал фудбал „Свети Никола 2017“
Назив на примачот:„Локален спортски сојуз- Прилеп“
Сметка на примачот: 370051200218225
Банка на примачот: Еуростандард банка АД Скопје
Дополнителни информации:
Општина Прилеп – тел: 078361534, email: oppp@prilep.gov.mk.
„Локален спортски сојуз – Прилеп“- тел: 076542320