„За четири месеци, оваа е трета пречистителна станица која што ја пуштаме во употреба од 4 завршени во овој период. До крајот на месецов треба да се пушти во употреба и пречистителната станица во Радовиш. Ваквите пречистителни станици се значајни од повеќе причини. Прво, поради тоа што придонесуваат за почиста животна средина и подобри услови за живот на граѓаните. Проектот за којшто сме денеска овде, ќе опслужува 95.000 граѓани. Пречистителните станици во Струмица, Радовиш и Кичево, опслужуваат по 126.000 луѓе или заедно над 220.000 граѓани добиваат почиста животна средина, како резултат на овие проекти“, рече министерот за финансии, Драган Тевдовски, на денешната свеченост по повод ставањето во функција на пречистителната станица на отпадни, урбани води во Прилеп.
Тој истакна дека овие проекти имаат значаен придонес за економскиот раст на земјата и зголемување на БДП и за локалниот економски развој во регионот каде што се градат. Тој изрази благодарност до ЕУ, за финансирањето на овие проекти.