Во рамките на спроведување на комуналната програма на Општина Прилеп за
уредување на улиците во градот и населените места, изминативе неколку денови
се работи на тампонирање на три краци од улицата „Истарска“.
„Се работи на три краци на потегот помеѓу улиците ‘Истарска’ и ‘Мечкин камен’. Во
моментов се работи на нивно тампонирање и припрема за поставување асфалт.
Должината на улиците е близу 300 метра, планирано е во следните неколку
денови припремите да бидат завршени и потоа да се пристапи на нивно
асфалтирање“, изјави надзорот над граджежните активнсти, Блаже Богоески.
Истовремено се работи и на тампонирање на десетина помали краци од улицата
„Пчиња“, непосредно над ООУ „Гоце Делчев“, што исто така претставува
подготовка за нивно скорешно асфалтирање.