Во должина од 200 метри поставен е тампон на крак од улицата „Цане Кузманоски“ во урбаната заедница „Чачорица“. Со реализацијата на овој градежен зафат обезбедени се потребните услови за поставување на асфалт на улицата. Доколку дозволат временксите услови оваа недела би завршиле градежни зафати околу асфалтирање на уличка во населбата „Чачорица“.
„Се наоѓаме на крак од улицата „Цане Кузманоски“ кој е припремен за асфалтирање, со ова фактички започнува и новата градежната сезона затоа што до сега базите беа затворен. Во оваа населба тампон е поставен и на улицата„ Крушевска Република“ во должина од 250 метри“, истакна Благоја Богоески, надзор на градежните активности.
Со почетокот на новата градежна сезона ќе се интензивираат активностите за изградба и реконструкција на патната инфраструктура, дел од годишната програмата на Општина Прилеп за улици и патишта.