Градоначалникот Борче Јовчески денеска присуствуваше на традиционалното закројување на лозјата кај параклисот посветен на Св. Трифун, кој се наоѓа кај месноста Склештен мост, во близина на Прилеп.
Градоначалникот на домаќините и присутните им го честита празникот посакувајќи им многу здравје, среќа и бериќет. Православниот празник Св. Трифун, светител кај народот е попознат како заштитник на лозарите.На одбележувањето присуствуваа голем број на посетители.