Со дневното студио за “Body painting“, изведено од вредните раце на незаменливиот Сашо Мартиновски, се затвори првиот уличен фестивал “Со Марко на улица“ кој траеше три дена во Прилеп.
“Тука е финишот, кога завршуваме со фестивалот и благодарам на публиката, идеата е веќе ивадена од главата и реализирана, сега слободно можете да уживате во неа. Секој пат постои можност за нешто ново. Во годината имам неколку излагања од ваков тип и од типот на филмски излагања“ вели Мартиновски.
Фестивалот “Урбан Марко“, понуди бројни содржини пред многубројната публика, а целта беше да се реактуелизира културното и народното наследство, во овој случај на ликот на големиот собирач на народни умотворби и приказни Марко Цепенков.