Градоначалникот Илија Јованоски, денес во својот кабинет оствари работна средба со
амбасадорката на Р. Србија во нашата земја, Душанка Дивјак – Томиќ и шефот на
Конзуларното одделение Алекандра Џурица. На средбата присуствуваа и претставници од Републичкиот завод за заштита на културното наследство од Р.Србија и директорот на НУ „Завод и музеј“ – Прилеп, Благоја Атанасоски. Градоначалник Јованоски ги запозна гостите со проектите кои Општина Прилеп планира да ги реализира во тековната година. Главен акцент на работната средбата беше ставен на продлабочување на соработка од областа на културата и културното наследство.