СРЕДБА СО УРБАНИ ЗАЕДНИЦИ НА ТЕМА ЗАГАДУВАЊЕ

Почитувани сограѓани,
На ден 11.09.2023 до Општина Прилеп се доставени 2 барања, едно од жители на Чачорица и едно од УЗ Сточен Пазар по што се направени увиди од страна на раководител на сектор инспекторат и двајца инспектори на потегот на ул. ,,Александар Македонски“ каде работат повеќе правни субјекти при што е забелажана појава на непријатна миризба само од кругот на поранешната фабрика 11ти Октомври .
Во кругот на поранешната фабрика 11ти Октомври ТППЕ Прилеп по пријави за запален пожар во периодот од 26.08.-14.09.2023 г интервенирала 12 пати со 15 пп возила и 35 пожарникари.
Во текот на вчерашниот ден по забележана појава на чад извршено е гаснење на опожарената површина со вода и прашкаст материјал по што чадењето престана и немаше повеќе напријатна миризба.
Во утринските часови денес е направен повторен надзор на потегот на ул.,,Александар Македонски“ и во кругот на поранешната фабрика 11ти Октомври при што не е забележана непријатна миризба и утврдено е дека повеќе нема појава на чад и непријатна миризба на местото каде што претходниот ден интервенираше ПП единица.
Во соработка со самостоен инспектор на НККР Прилеп ЕК и крим техника земени си примероци од местото на опожарената површина и истите ќе бидат дадени на анализа. Откако ќе се добијат резултатите од овие испитувања ќе се утврди какви материи гореле и што било причината за непријатната миризба.
Локалната самоуправа на Општина Прилеп, има постапено по сите пријави и со сите свои капацитети и надлежности, се со цел да се открија причината, да не се повторува во иднина и да се заштити населението.