Спроведување на јавен увид на Урбанистички проект за инфраструктура

БР. 10-1060/2
од 20.10.2022 година
Врска бр. 10-2566/1
од 2021 година
ГРАДОНАЧАЛНИК НА ОПШТИНА ПРИЛЕП

Врз основа на член 62, став (10) од Законот за урбанистичко планирање (Сл.Весник на РСМ бр.32/20) и донесената ПРОГРАМА за финансирање на изработка на урбанистички планови на територијата на Општина Прилеп за 2022 година со Одлука број 09-157/32 од 17.01.2022 година обајвена во Службен гласник на Општина Прилеп бр.01/22 и ПРОГРАМА за измени и дополнување на годишната програма за финансирање на изработка на урбанистички планови на територијата на Општина Прилеп за 2022 година со Одлука број 09-569/9 од 24.02.2022 година објавена во Службен гласник на Општина Прилеп бр.02/22, донесена од страна на Советот на Општина Прилеп, Градоначалникот на Општина Прилеп го дава следното

 

СООПШТЕНИЕ
За спроведување на јавен увид на

Урбанистички проект за инфраструктура за изградба на главен доводен цевковод и пумпни станици на бунари за водоснабдување на с.Канатларци, Општина Прилеп

член 1

Се известуваат граѓаните на Општина Прилеп дека се организра Јавен увид по УРБАНИСТИЧКИ ПРОЕКТ ЗА ИНФРАСТРУКТУРА ЗА ИЗГРАДБА НА ГЛАВЕН ДОВОДЕН ЦЕВКОВОД И ПУМПНИ СТАНИЦИ НА БУНАРИ ЗА ВОДОСНАБДУВАЊЕ НА С.КАНАТЛАРЦИ, ОПШТИНА ПРИЛЕП, со Технички број: 024/21 изработен од Јавно претпријатие за просторни и урбанистички планови ЈП за ПУП Прилеп.

член 2

Проектниот опфат на УРБАНИСТИЧКИ ПРОЕКТ ЗА ИНФРАСТРУКТУРА ЗА ИЗГРАДБА НА ГЛАВЕН ДОВОДЕН ЦЕВКОВОД И ПУМПНИ СТАНИЦИ НА БУНАРИ ЗА ВОДОСНАБДУВАЊЕ НА С.КАНАТЛАРЦИ, ОПШТИНА ПРИЛЕП е опфатен во рамките на урбаниот опфат на Услови за планирање на просторот за ИЗГРАДБА НА ГЛАВЕН ДОВОДЕН ЦЕВКОВОД И ПУМПНИ СТАНИЦИ ОД ПОСТОЈНИ БУНАРИ ЗА ВОДОСНАБДУВАЊЕ НА КП 1095, КП 1107, КП 2794, ДО ПОСТОЕН РЕЗЕРВОАР НА КП 116, С.КАНАТЛАРЦИ, КО Канатларци, ОПШТИНА ПРИЛЕП, со бр.Y15921 и Решение за Условите за планирање на просторот издадено од Министерство за животна средина и просторно планирање со Арх. Бр. УП1-15 1082/2021 од 28.07.2021год.

Според состојбата на терен локацијата која е предмет на изработка на проект за инфраструктура, се наоѓа во КО Канатларци и КО Марул, Општина Прилеп, на надморска височина од 620 до 675 метри. Трасата е со должина од 4869м и истата започнува од бунар 2 (постоен нов бунар) на југ и се протега на северната страна до бунар 1 (постоен нов бунар) и постоен стар бунар и се поврзува кон север со постојниот резервоар. Трасата поврзува три постојни бунари и еден постоен резервоар. Површината на проектниот опфат изнесува околу 20 269,12 м2, односно 2,027 ха

ГРАДОНАЧАЛНИК На Општина Прилеп

Борче Јовчески

soopstenie za javen uvid

URBANISTICKI PROEKT KANATLARCI_po REVIZIJA

Анкетен лист

Е-Урбанизам