Врз основа на член 62, став (10) од Законот за урбанистичко планирање (Сл.Весник на РСМ бр.32/20) и донесената ПРОГРАМА за финансирање на изработка на урбанистички планови на територијата на Општина Прилеп за 2022 година со Одлука број 09-157/32 од 17.01.2022 година обајвена во Службен гласник на Општина Прилеп бр.01/22 и ПРОГРАМА за измени и дополнување на годишната програма за финансирање на изработка на урбанистички планови на територијата на Општина Прилеп за 2022 година со Одлука број 09-569/9 од 24.02.2022 година објавена во Службен гласник на Општина Прилеп бр.02/22, донесена од страна на Советот на Општина Прилеп, Градоначалникот на Општина Прилеп го дава следното
СООПШТЕНИЕ
За спроведување на јавен увид на
УРБАНИСТИЧКИ ПРОЕКТ ВОН ОПФАТ НА УРБАНИСТИЧКИ ПЛАН ЗА ПОВРШИНСКИ СОЛАРНИ И ФОТОВОЛТАИЧНИ ЕЛЕКТРАНИ Е1.13, НА КП 218/5 – ДЕЛ КО МАЛО РУВЦИ ОПШТИНА ПРИЛЕП
член 1
Се известуваат граѓаните на Општина Прилеп дека се организра Јавен увид по УРБАНИСТИЧКИ ПРОЕКТ ВОН ОПФАТ НА УРБАНИСТИЧКИ ПЛАН ЗА ПОВРШИНСКИ СОЛАРНИ И ФОТОВОЛТАИЧНИ ЕЛЕКТРАНИ Е1.13, НА КП 218/5 – ДЕЛ КО МАЛО РУВЦИ ОПШТИНА ПРИЛЕП, со Технички број: У-05/01/2021 изработен од Друштво за производство, градежништво и трговија ИЗОФАС ДОО Прилеп.
член 2
Проектниот опфат на УРБАНИСТИЧКИ ПРОЕКТ ВОН ОПФАТ НА УРБАНИСТИЧКИ ПЛАН ЗА ПОВРШИНСКИ СОЛАРНИ И ФОТОВОЛТАИЧНИ ЕЛЕКТРАНИ Е1.13, НА КП 218/5 – ДЕЛ КО МАЛО РУВЦИ ОПШТИНА ПРИЛЕП е опфатен во рамките на урбаниот опфат на Услови за планирање на просторот за УРБАНИСТИЧКИ ПРОЕКТ ВОН ОПФАТ НА УРБАНИСТИЧКИ ПЛАН ЗА ПОВРШИНСКИ СОЛАРНИ И ФОТОВОЛТАИЧНИ ЕЛЕКТРАНИ, НА КП316/3,КП217-дел и КП 218/5 – ДЕЛ КО МАЛО РУВЦИ ОПШТИНА ПРИЛЕП со бр. Y19221 и Решение за Условит/е за планирање на просторот издадено од Министерство за животна средина и просторно планирање со Арх. Бр. УП1-15 1318/2021 од 15.09.2021год.
Планскиот опфат е дефиниран со границита на НА КП 218/5 – ДЕЛ КО МАЛО РУВЦИ ОПШТИНА ПРИЛЕП со површина од 21483.11м2 и следните координати на прекршочни точки:
Проектниот опфат е предвиден во непосредна близина на автопатот А3 од левата страна при паравец Прилеп Битола. Oд автопатот се двои постоен локален пат према комплексот Крин КГ на кој пак се надоврзува постоен некатегоризиран пат, на кој се надоврзува земјиште под инфраструктурни објекти. Пристапот до проектниот опфат е преку постоен катастарски пат (почнувајќи од кп 2255/2, потоа на кп 138, се надоврзува на кп 1139 од каде преку кп 1135 се надоврзува на кп 217). Парцелата е со приближно правоаголна форма. Од северосточната страна опфатот има должина од приближно 204м, од југоисток должината изнесува 114м, од југозапад е со должина од 199м и од северозапад должината изнесува приближно 135м. Од северо источната страна опфатот се движи по границата на кп 217(земјиште под инфраструктурни објекти), потоа завртува десно и се движи по границите на кп 218/5 а граничи со кп 218/1 од југоисточната страна, па завртува и од југ озападната страна се движи по границата на кп 218/5 и граничи со кп 218/3 и од северозападната страна се движи по границите на кп 218/5 а граничи со кп 218/4. Опфатот е на просечна надморска восина од ~ 640м, со благ пад кон југоисток и северо од околу 1% што е поволно за решавање на комунална инфраструктура. Поточно највисоката висинска кота е на ј угоисточната страна со 641.24м, а додека најниската е на 638.81 која се наоѓа на северозападната страна од опфатот.
ЈАВЕН УВИД
На на УРБАНИСТИЧКИ ПРОЕКТ ВОН ОПФАТ НА УРБАНИСТИЧКИ ПЛАН ЗА ПОВРШИНСКИ СОЛАРНИ И ФОТОВОЛТАИЧНИ ЕЛЕКТРАНИ Е1.13, НА КП 218/5 – ДЕЛ КО МАЛО РУВЦИ ОПШТИНА ПРИЛЕП, со Технички број: У-05/01/2021 изработен од Друштво за производство, градежништво и трговија ИЗОФАС ДОО Прилеп ќе трае 15 дена во електронска форма, кој надлежниот орган го става на увид на јавноста со објавување на службената web страна на Општина Прилеп https://www.prilep.gov.mk/ и на официјалната страна од е-урбанизам https://www.e-urbanizam.mk во периодот од 09.05.2022 до 23.05.2022 година за кое време може да се доставуваат евентуални забелешки, секој работен ден од 08.30 до 15.30 во просториите на Општина Прилеп, Сектор за урбанизам, комунални работи и заштита на животната средина.