Советот на Општина Прилеп почнаа постапка за закуп на објект за нова детска градинка

Прилеп ќе добие нова детска градинка. Советниците ја почнаа постапката за
решавање на проблемот со сместување на дечињата. На денешната седница е
донесена одлука за подигање на банкарска гаранција за ставање под закуп на
објект од Тутунски Комбинат, којшто ќе биде наменет за детска градинка.

Прилепските советници донесоа одлуки за легализација на бесправно
изградени објекти. А, како што вели претседателот на Советот на Општина
Прилеп, Миле Талевски, заложните се во правец на интензивирање на овие
активности, со цел да се излезе пресрет на барањата и потребите на граѓаните
на општината.

Финансиските квартални извештаи на јавните претпријатија, се прифатени од
советниците. Ова значи дека јавните претпријатија кои што наледија сериозни
финансиски проблеми, веќе полека се консолидираат, со новите раководства.

На денешната седница на Советот, прилепските советници ги изласаа
извештајот на Комисијата за проценка на штети од елементарни непогоди, што
се однесува на невремето што ги зафати неколку населени места во Прилепско
на 09. јули годинава.Според проценките земјоделците треба да бидат
обештетени со 18.5 милиони денари. Извештајот ќе биде испратен до
второстепената владина комисија на натамошно разгледување и конечно
одлучување.

„На денешната седница донесовме повеќе одлуки. Го изгласавме извештајот за извршување на буџетот на Општина Прилеп за вториот квартал од 2018 година. Усвоена беше одлуката да се добие банкарска гаранција за
изнајмување деловен објект наменет за детска градинка. Ние како одговорна
Општина работиме на тоа, да отвориме што е можно повеќе детски градинки за да го решиме проблемот со сместувањето на децата и се надевам дека оваа постапка ќе се одвива брзо. Денеска исто така се разгледаа и усвоија и кварталните извештаи на ЈП за ПУП и на домот на стари лица ‘Киро Крстески – Платник’. Со ова продолжи трендот, кој го воспоставивме со јавните претпријатија. Со големо задоволство се покажува добар финансиски извештај. Ги разгледавме и барањата доставени од физички лица за бесправно изградени објекти. Во тој поглед се трудиме да бидеме што е можно повеќе ажурни, за да можат граѓаните да ги легализираат своите бесправо изградени објекти“, истакна Миле Талевски, претседател на Совет на Општина Прилеп.

Според претседателотна општинската комисија за проценка на штети од
елементарни непогоди, Жарко Северкоски, со 18 милиони и 465 илјади денари ќе
бидат обештетени земјоделците, чии што насади и посеви се уништени во невремето.
Според претседателот на Совет, Талевски барањата за обештетување ќе бидат
испратени и до второстепената владина комисија.

„До комисијата за елементарни непогоди беа поденсени 105 барања, морам да
посочам дека на 99% од нив ќе им се излезе во пресрет, а извештајот ќе биде
доставен до второстепената комисијата при Владата“, посочи Талевски.
Советниците ги усвоија предлозите доставени од повеќето граѓани од
населените места: Беровци, Ореовец и Варош за да се донесе урбанистичко
планска документација и да се изврши проширување на планските опфати.