Советот на Општина Прилеп денеска ја одржа третата редовна седница, на која што се расправаше и ги усвои предлог решенијата за формирање: Комисија за финансирање, буџет и локален економски развој, Комисија за урбанизам, комунални дејности и заштита на животната средина, Комисија за општествени дејности и правата на децата, Комисија за Статут и прописи и Комисија за елементарни непогоди, месна самоуправа и родова еднаквост.
„Денеска се оддржа третата седница на Совет на Општина Прилеп на која беа формирани постојаните и привремените работни тела и комисии што ќе работат во состав на општинскиот Совет. Морам да посочам дека за прв пат едногласно беа избрани комисиите и тоа посебно ме радува, зашто започнуваме со една одлична соработка, што значи дека Советот е комплетно формиран. А, со оглед на тоа дека до комисиите се пристигнати голем број предлози и барања од граѓаните, комисиите со својата работа започнуваат од понеделник“, посочи Миле Талевски, претседател на Совет на Општина Прилеп.