Советот на Општина Прилеп на редовна, 18-та седница, донесе одлука за измена на распоредот на средствата на Буџетот на Општина Прилеп, ЕЛС Општина Прилеп за 2022 година.
Советниците дадоа согласност на одлуката за утврдување на цената за снабдување со вода за пиење или водоснабдување на ЈКП Водовод и Канализација Прилеп, за периодот од декември 2022- 2023 година, согласност за утврдување на цената за собирање и одведување на урбани отпадни води за ЈКП Водовод и Канализација Прилеп за истиот период, како и утврдување на цена за прочистување на отпадните води за период декември 2022- 2023 година, почнувајќи од 30 ноември 2022 година.
Советниците на седницата ја усвоија инвестиционата програма на ЈКП Комуналец Прилеп за 2023, финансискиот план на претпријатието за наредната година како и програмите за управување со отпад на територијата на Општина Прилеп за 2023 година, програма за одржување на јавна чистота на територијата на Општина Прилеп, за 2023 година, програма за одржување и користење на паркови, зеленило, парк-шуми и рекреативни површини, програмата за подигање и одржување на зеленило, програма за работа и одржување на градските гробишта и капела за 2023 година, како и програма за работа на прифатилиште за бездомни кучиња, за 2023 година. Стана збор и за набавка на садници за хортикултурно уредување на површини во Општина Прилеп, како заклучок кој мнозинството совеници го поддржаа.
Советниците го изгласаа и правилникот за доделување на награди за талентирани (наградени) ученици во основните и средните училишта во Општина Прилеп. А, на 18-тата седницата стана збор и за кофинансирање на проект за изградба на таложник на колекторски систем во Пречистителната станица во Прилеп.
Седницата заврши со утврдување на 20-тина точки од урбаната сфера, каде по предлог на граѓани од градот и населените места се најда одлуките за утврдување услови за донесување на урбанистичко планска документација, со која ќе се изврши проширување на планскиот опфат и вклопување на бесправно изградени објекти.
На оваа седницата, повторно, пред советниците на дневен ред беше поставена предлог – одлука за извештајот-информацијата за безбедносната состојба на подрачјето на ПС од Општа надлежност-Прилеп, во текот на првото полугодие од 2022 година, но поради отсуство на надлежните од ПС од Општа надлежност Прилеп таа не беше разгледана.