Средното општинско училиште „Орде Чопела“ денеска ја одбележа 79-годишнината од загинувањето на својот патрон, народниот херој Орде Чопела.
По тој повод, делегации на Општина Прилеп и општинскиот Совет, предводени од градоначалникот Илија Јованоски и Еленче Ташкоска, како и од средното општинско училиште, положија цвеќе на бистата на Орде Чопела во дворот на училиштето.
Исто така, свежо цвеќе беше положено и на бистата на Чопела во Алејата на народните херои, Могилата на непобедените и во паркот во населбата Варош, кој го носи неговото име.